недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Познати

Холивудската убавица имала страшно детство: Нејзината мајка го убила татко ѝ

Холивудската убавица имала страшно детство: Нејзината мајка го убила татко ѝ

Холивудската убавица Шарлиз Терон дефинитивно имала страшно детство.

Имено, нејзиниот татко се борел со алкохолот, бил насилен и нејзината мајка го убила во самоодбрана.

-Тогаш се преправав дека тоа не се случило, поради тоа што не сакав да зборувам за оваа трагедија. На луѓето им зборував дека мојот татко починал во сообраќајна несреќа. Кој би сакал да раскажува таква приказна. Никој не знае како да реагира кога ќе му кажете дека таткото алкохоличар е убиен од твојата мајка. Не сакав да ме гледаат како жртва, открила во една прилика Шарлиз Терон.

Иако и е тешко да се сеќава на тоа што го проживеала, сепак раскажала дека константното живееле во страв од нејзиниот татко.

-Горда сум што тоа го преживеав, изјавила Терон.

Кога една вечер нејзиниот татко Чарлс се вратил дома видно во алкохолизирана состојба и почнал да тропа и предупредува дека со пушка ќе ја убие сопругата Герда и ќерката му, за жал тоа не биле само празни зборови. Тој ја земал пушката и почнал да пука во собата на Шарлиз.

Уплашена за својот живот и за животот на ќерката, Герда му го одзела оружјето и го убила својот сопруг во самоодбрана, пренесуваат дел од медиумите.