среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Познати

ХОЛИВУД ТАГУВА: Почина славниот актер кој го глумеше Џејмс Бонд

ХОЛИВУД ТАГУВА: Почина славниот актер кој го глумеше Џејмс Бонд

Светски познатиот актер, Шон Конери почина на 90 годишна возраст, потврдуваат од неговото семејство, пренесе Би-би-си.

Конери се прослави со улогата на Џејмс Бонд и сними седум филма за тајниот агент. Во една прилика изјави дека му требало долго време да излезе од сенката на ликот на Џејмс Бонд.

Роден во работничко семејство во Единбург, Конери стана Џејмс Бонд во 1962 година, по неколку помали улоги во британски филмови. Пред тоа бил во кралската морнарица, работел како млекар и бил посветен бодибилдер и солиден фудбалер.

За филмот „Недопирливите“ во 1988 година освои „оскар“ за најдобра споредна улога и истовремено се здоби со слава благодарение на серијалот „Индијана Џонс“. Тој одби да се појави во четвртиот дел на „Индијана Џонс“, велејќи дека ужива во пензијата.

Последниот филм го сними во 2003 година, а од јавниот живот целосно се повлече во 2011 година.

Како што пишува Би-би-си, Конери починал во сон, а подолго време имал здравствени проблеми.

Најнови вести

Коронавирус