понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 97
home Познати

Хју Хефнер своето наследство го оставил под строги услови: Кој ќе прекрши само едно правило останува без ништо

Хју Хефнер своето наследство го оставил под строги услови: Кој ќе прекрши само едно правило останува без ништо

Условите на наследниците на основачот на Плејбој се доста стриктни и се однесуваат на неговита вдовица и четирите деца.

Во јавноста се појавија документи во кои стојат условите на наследниците на Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“ кој почина во септември минатата година, а мора да бидат исполнети од наследниците.

Освен вдовицата, Кристал Хефнер, наследници на покојниот Хефнер се и неговите деца, Кристи А. Хефнер, Дејвид Хефнер, Марстон Хефнер и Купер Хефнер, на кој нивниот татко им поставил доста конкретен услов во врска со добивањето на парите.

Како што стои во документите кои се појавија во јавноста, саканите на Хефнер никако не смеат да станат зависници од алкохол или дрога. Во случај да не одолеат, остануваат без се.

Во документот стои дека носителите на правото за наследство не смеат редовно или често да земаат илегални супстанци, ниту да развијат физичка или психичка зависност од нив, како ни од алкохол или било која легална дрога, односно хемиски супстанции кои на нив не им ги дозволил овластен лекар или психијатар.

Ако постои сомнеж дека некои од наследниците не се придржува до одредбата, овластено лице може да побара тестирање на дрога. Кога би се случило некој од наследниците поради ова стварно да остане без права, според документот тие права може да се вратат ако наследникот докаже не консумирал ништо 12 месеци од губењето на правата или ако одборот заклучи дека е способен сам да се грижи за себе и своите пари.

Најнови вести

Коронавирус