петок, 25. септември 2020. Вести денес: 29
home Познати

Хилари Клинтон во тајност ја посетила Меган Маркл во Лондон

Хилари Клинтон во тајност ја посетила Меган Маркл во Лондон

Во својот кралски дома Фрогмор Котаџ кој се наоѓа во внатрешноста на дворецот Виндзор, војвотката Меган Маркл во слободно време се дружи со многу пријатели и познаници.

Нејзина последна гостинка на пријатно дружење била поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, која за Меган има само пофални зборови и поддршка.

По низата познати личности кои застанаа во одбрана на британската војвотка Меган Маркл, својата поддршка јавно ја изрази американската политичарка Хилари Клинтон, која помеѓу останатото, оваа недела го посетила младото кралско семејство во нивниот реновиран дом во Виндзор.

Хилари наводно поминала пријатно попладне кај Меган, поразговорале со Меган за важните теми, а потоа дури си играла со малиот принц Арчи.

– Двете имаат многу почит една кон друга, нивното дружење поминало во пријатен разговор, сладок и дружељубив тон, со малку забава – рекол извор за магазинот „Пипл“.

Тој нагласил дека Меган и Хилари на самиот почеток силно се прегрнале, а подоцна разговорот сам по себе водел до прашањата за женските проблеми во светот. Војвотката и политичарката се осврнале и на проблемите кои Меган ги има со претставниците на медиумите, како и на лошиот третман на општеството на нејзината функција и титула.

Коронавирус