сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Харви Вајнштајн од болница повторно е вратен во затвор

Харви Вајнштајн од болница повторно е вратен во затвор

Харви Вајнштајн е префрлен во државниот затвор во Њујорк еден ден пред неговиот 68-ми роденден, за да ја одлежи 23-годишната затворска казна за силување и сексуален напад.

Поранешниот филмски магнат, чија осуда стана симболика на движењето МиТу (#MeToo) се наоѓа во затворот Венд. Сепак ова нема да биде неговото постојано место за издржување на казната. Во затворот ќе бидат проценети неговите здравствени и други потреби и каде ќе биде преместен.

Вајнштајн веќе има затворски број, 20Б0585.

Портпаролот на Вајнштајн го опиша овој потег како суров.

Харви Вајнштајн беше прогласен за виновен од поротниците на 24 февруари. Неговата казна му беше изречена на 11 март. Оттогаш, тој поминуваше време во затворот Рикерс и болницата во Белви, поради проблеми со срцето и висок крвен притисок.

Коронавирус