понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 109
home Познати

Хари загрижен, Меган Маркл со мерки за заштита од коронавирусот

Хари загрижен, Меган Маркл со мерки за заштита од коронавирусот

Хари и Меган Маркл по враќањето од Велика Британија се наоѓаат во самоизолација во Ванкувер.

Како што пишува Дејли Меил, Меган се доверила на свои блиски пријатели дека Хари е многу загрижен за својата баба, кралицата Елизабета Втора и за својот татко принцот Чарлс. Тој стравува дека тие може да се заразат од новиот коронавирус.

Меган, наводно истакнала дека таа и Хари се благодарни што со кралицата и принцот Чарлс имале можност да поминат некое време заедно пред Ковид-19 да се рашири низ светот. Хари ги замолил својата баба и татко да бидат внимателни бидејќи влегуваат во ризичната категорија на лица.

Воедно, Меган превземала мерки за да се заштити себе и своето семејство.

Од сите вработени побарала да носат ракавици во домот, кога одат да пазарат и кога се надвор од куќата. Таа го намалила на минимум бројот на лица со кои ќе бидат во контакт бидејќи сака да спречи Хари, таа и Арчи да не се заразат.

Меган на пријателите им кажала дека оваа ситуација во светот ќе предизвика голема криза на менталното здравје, па затоа заедно со Хари работат со здруженијата и организациите кои се занимаваат со оваа проблематика.

Коронавирус