недела, 20. септември 2020. Вести денес: 68
home Познати

Хари не го поканил најдобриот пријател на свадба поради само еден коментар за Меган

Хари не го поканил најдобриот пријател на свадба поради само еден коментар за Меган

Најдобриот пријател на принцот Хари, Том Скипи Инскуп го предупредил во врска со Меган Маркл, поради што принцот ги заладил односите, па дури не го поканил ниту на свадба, се вели во најновата книга „Finding freedom: Harry, Meghan and the making of a Modern Royal Family“ (Барајќи ја слободата: Хари, Меган и создавањето на модерно кралско семејство).

-Скипи го советувал принцот да не брза со венчавката и да се обиде прво да живее со Меган за да ја запознае подобро, пишува Телеграф.

Меѓутоа, тој совет на Хари не му се допаѓал од најдобриот пријател.

-Тоа го повреди Хари зашто некој со кој е толку близок не верувал во неговата проценка, изјавил неименуван извор.

Скипи и неговата сопруга, Лара Хјус-Јанг, се казнети поради советот и се исклучени од свадбата на кралскиот пар. Караницата траела сѐ до минатата година, кога се смириле по смртта на мајката на Лара.

Најнови вести

Коронавирус