Кога се во Виндзор Маген и принцот Хари веќе нема да имаат потреба да спијат во куќичката Нотингем, туку во својот дом кој се наоѓа во непосредна близина.
Кралицата Елизабета Втора на Меган и Хари им ја подарила куќата Аделејд.
Куќата Аделејд се наоѓа во близина на дворецот Виндзор и капелата Свети Џорџ во која Меган Маркл и принцот Хари се венчаа. Самата куќа се наоѓа во паркот на дворецот , но тоа не е многу блиску бидејќи паркот има површина од 2,5 квадратни километри.
Ако се земе во предвид дека дворецот Виндзор има седум излези и влезови тоа значи дека Хари и Меган во секоја прилика ќе може да ги избегнат средбите со фотографите, а и Лондон е на само 40 километри.
Куќичката Аделејд е изградена инаку од кралицата Аделејд, жената на кралот Вилијам Пети во далечната 1831 година.
Оттогаш оваа куќа ја користат членови на кралското семејство.