недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

„Хари е слабак, Дајана би се срамела“

„Хари е слабак, Дајана би се срамела“

Саманта Маркл ја продолжи медиумската војна против својата полусестра Меган, а овој пат целеше директно на принцот Хари.

Постарата полусестра на Меган Маркл, 53-годишната Саманта не престанува да води војна против војводката, а се чини дека овој пат не бираше зборови, ниту средства за да ја навреди.

Откако рече дека Хари би требало да се ожени со поранешната девојка, Кресида Бонас, затоа што таа е „многу послична на Дајана“, таа го исмеа и британскиот нагласок на Меган, а сега премина и на нејзиниот сопруг.

Саманта упати сочна навреда на сметка на принцот Хари, нарекувајќи го слабак и оти неговата покојна мајка Дајана би се срамела од него. Сето тоа, таа го напиша на својот профил на Твитер.

-Хари е слабак зашто дозволува Меган непристојно да се однесува кон сите кои и се блиски, особено своето семејство. Дајана би се срамела. Престани да и го носиш нејзиниот долен веш и не дозволувај и да носи панталони во врската, порача Саманта.

 

Инаку, иако Саманта и Меган со години не се во контакт, полусестрата на војводката не престанува да „го вади нејзиниот валкан долен веш“ во јавноста, но и да упатува критики.

Освен Саманта, сопругата на Хари неодамна имаше проблем и со татка си, кој за одредена сума пари, на таблоидите им даде одредени тајни од нејзиниот живот.

Коронавирус