вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 112
home Познати

Хана наскоро ќе добие братче, Тамара откри како ќе се вика синот

Хана наскоро ќе добие братче, Тамара откри како ќе се вика синот

Тамара Тодевска ужива во седмиот месец од бременоста и тоа не ја спречува да биде активна.

Тодевска наскоро ќе станае мајка по втор пат и тоа на син, односно нејзината помала ќерка ќе добие братче.

Пејачката беше гостинка во емисијата „Ексклузив“ на ТВ1, каде што откри дека во втората бременост се чувствува одлично и дека нема никакви потешкотии.

Таа изјави дека со Хана не можеш да застанеш ни 10 секунди, но објасни дека и втората бременост не и носи некои “маки“ и дека постојано е активна.

Во спомнатата емисија пејачката откри како ќе се вика бебето.

„Бидејќи е машко, најверојатно ќе се вика Дарен“, изјави Тамара.

извор: Вистина.мк