среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 8
home Познати

Халид Бешлиќ направи уште една операција

Халид Бешлиќ направи уште една операција

Пејачот Халид Бешлиќ направи операција на левото око, а како што самиот истакнува, тоа бил рутински зафат кој го извел офталмолог.

-Докторот ме следи откако имав несреќа. Се е досега во ред. Утре е контролата. Седум дена не сум излегол од дома. Мојата Селда ми ставаше капкиза очи, а ќе ставаме и понатаму – рекол Бешлиќ за медиумите и додал дека не може да верува дека седум дена може да издржи да не излезе од дома.

-Окото е во ред, сега гледам се кристинално јасно, а и се одморив – рекол пејачот.

Да потсетиме во март во 2009 година во сообраќајна несреќа го изгубил десното око. но со целата ситуација храбро се изборел.