вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Познати

Хали Бери го обвини поранешното момче за инцест: Тоа ни го уништи сексуалниот живот

Хали Бери го обвини поранешното момче за инцест: Тоа ни го уништи сексуалниот живот

Холивудската актерка Хали Бери изнесе тешки обвиненија на сметка на поранешното момче Габриел Обри, велејќи дека имал сексуални односи со член на семејство и дека ја навредувал на расна основа додека биле заедно.

Претходно запечатените судски документи излегоа на виделина во врска со нивната петгодишна врска, во која Бери тврдела дека Габриел одбива да признае дека нивната ќерка е Нахла е мелеска.

Во документите во 2011 година се вели дека тој постојано ја навредувал на физичка и расна основа и лошо се однесувал кон неа во текот на петгодишната врска, како и дека одбивал да ја признае нивната ќерка.

Во документите се вели дека 53-годишната актерка тврдела дека нејзиното поранешно момче со години имало сексуални односи со член на семејството, а таа траума им го уништила нивниот интимен живот.

„По првите шест месеци од нашата врска, нашиот сексуален живот се намали и по една година, имавме секс помалку од три пати годишно – сведочела Хали Бери, според правните документи.

Хали рече дека Габриел признал дека имал сексуални односи со член на неговото семејство со години.

Адвокатите на Габриел побарале од судот да избрише дел од нејзините тврдења од записникот, велејќи дека нејзините коментари биле неважни или погрешни факти.

Канадскиот манекен и актерката ја започнаа врската во 2005 година, три години подоцна ја добија својата ќерка, а се разделија во 2010 година.

Најнови вести