понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 97
home Познати

Хабиб и Мини Хабиб го „запалија“ Facebook

Хабиб и Мини Хабиб го „запалија“ Facebook

Легендарниот УФЦ борач Хабиб Нурмагомедов објави фотографија со популарниот руски блогер Хасбул Магомедов (19) на социјалните мрежи, што предизвика големо внимание и лавина реакции.

Хасбула е познат и како Мини Хабиб, бидејќи потекнува од рускиот град Махачкала, од каде што е и самиот Хабиб, и поради видеото во кое го имитира познатиот борач стекна популарност во ММА заедницата.

Деветнаесетгодишниот Хасбула е роден со генетско пореметување и растот му запрел на многу рана возраст. Тежи само 16 килограми и е висок околу 106 сантиметри.

Тинејџерот го следат околу милион луѓе на Instagram, а секој ден објавува фотографии и видеа кои покажуваат како изгледа неговото секојдневие.

Хасбула ја коментираше заедничка фотографија со Хабиб на Facebook и напиша: „Испрати ми локација“.

Тоа всушност беше алудирање на пораката на Хабиб пред борбата со Конор Мекгрегор, откако Ирецот го прозиваше и која стана хит.

Хасбула доби голем број лајкови на објавата, а Хабиб исто така коментираше со емотикон со кој ја пружа раката.

Хабиб е можеби најдоминантниот УФЦ борач на сите времиња со 29-0 професионален рекорд во својата ММА кариера и рекорд на УФЦ со 13-0, и се пензионираше во октомври минатата година, откако триумфираше во борбата против Џастин Гејџи, бидејќи ѝ вети на мајка си дека нема да се бори повеќе откако почина татко му Абдулманап.

Коронавирус