четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 189
home Познати

Гвардиола им забрани мобилни телефони на играчите

Гвардиола им забрани мобилни телефони на играчите

Манчестер сити планира да ја повтори одличната минатогодишна сезона кога ја освои Премиер лигата, а тренерот Пеп Гвардиола за таа цел воведе построги правила за играчите и најави парични казни за непочитување на истите.

За да ја задржи концентрацијата на играчите, Гвардиола меѓу другото им забранил да ги користат мобилните телефони во тренинг центарот, а единствено место од каде ќе можат да телефонираат е соблекувалната. Парични казни се предвидени и за оние кои ќе доцнат на тренинзите, а досега за ова бил казнет Бенџамин Менди.

Гвардиола строго ја започна новата сезона, а за тоа сведочи и фактот дека Лирој Сане поради недисциплина и слабо залагање на тренинзите досега нема настапено на ниту еден натпревар во новата сезона.

Манчестер сити по четири кола во Премиер лигата има три победи и едно реми, а следниот натпревар го игра дома против Фулам.

Коронавирус