сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 38
home Познати

Гром удрил во Миланче, па го закопале со хармониката: Арамии го откопале гробот, а таму пејачот жив

Гром удрил во Миланче, па го закопале со хармониката: Арамии го откопале гробот, а таму пејачот жив

Пејачот на народни песни и автор на многу хитови Миланче Радосављевиќ (74) има најневеројатна животна приказна. Во младоста доживеал клиничка смрт, а настанот е толку необичен што за него половина век раскажува цел Обреновац.

Како што раскажуваат мештаните, тоа што има криви и невообичаено распоредени прсти Миланче го толкува како несреќен случај, кој по многу работи е нелогичен.

Приказната оди вака:

Додека бил млад, гром удрил во дрво под кое седел, па Миланче доживеал клиничка смрт. Семејството го испратило во вечниот дом со хармониката, како што бива на овие простори, зашто бил неразделен од инструментот уште во младоста.

А и обреновачките гробишта, како и сите други на кои се закопуваат мртви со цело богатство и со се што им било блиско и мило, си имаат свои арамии. Така, гробот на Миланче го откопале арамии за да ја земат хармониката, кога таму Миланче жив.

Настанала вистинска збрка, а таткото на Миланче ги барал арамиите под дрво и под камен за да ги награди што му го вратиле синот жив. Секако, никогаш не ги нашол.

Најнови вести

Коронавирус