Британското ТВ лице не ги крие недостатоците на своето тело, а нејзиниот потег јавно да ги покаже стриите го поздравиле сите жени ширум светот
Познатата ТВ водителка и модел Џамила Џамил ги воодушевила жените ширум светот кога објавила фотографија на која гордо ги носи стриите на деколтето.
-Слободно покажете ги стриите. Тие не се нешто од што би требало да се срамиме или да го криеме и фотошопираме, напишала водителката под фотографијата што ја објавила на Твитер.
Embrace thine stretch marks. They are nothing to be ashamed of or cover up or edit out. ❤️ #saynotoairbrushing #letabitchlive pic.twitter.com/gtKwbQiTnL
— Jameela Jamil (@jameelajamil) October 23, 2018
Таа исто така нагласиле дека ја сака секоја стрија на своето деколте.
Џемила е инаку позната како поборничка за природниот изглед со оглед на тоа што 14 години боледувала од анорексија. По проблемот што го доживеала, таа на 17 години го променила својот начин на живот и денес се залага за природноста на женското тело.
Жените ширум светот ѝ пратиле пораки со кои ѝ даваат поддршка, бидејќи му помага на женскиот пол да се чувствува пријатно во своја кожа.