вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 116
home Познати

„Голо“ издание и нова трансформација на Татијана Стефановска: Пејачката не запира со промените, а овој пат на повеќето им наликува на Шакира (фото)

„Голо“ издание и нова трансформација на Татијана Стефановска: Пејачката не запира со промените, а овој пат на повеќето им наликува на Шакира (фото)

Поради ситуацијата со коронавирусот, за мекедонските пејачки трпи музиката, настапите и секако паричникот ама во никој случај убавината, негата и личната сатисфакција.

Фолк пејачката Татијана Стефановска од неодамна влезе во јатото на русокоси, а оттогаш постојано изнанадува во нова трансформација од професионалните фотосесии кои ги објавува.

Иако живее во Охрид, кога доаѓа на свој терен во Битола, пејчката доминира во спој со професионалните стилисти од студиото „Belleza“ кои комплетно и направија ултра впечатлива промена.

Овој пат на агендата промени беше голото или популарно наречено „nude“ издание. Татијана има долги екстензии коса кои го покриваат нејзиното тело под кое носи парчиња во боја на кожа, а од истите изгледа како гола.

Коментарите дека е секси, жешка, авион, топ риба… се редеа до недоглед, а на некои со ова нејзино издание ги потсети на Шакира.

Како што тргнала, може само да претпоставуваме што ќе гледаме следно…

 

Коронавирус