петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Познати

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Почина тригодишната ќерка на познатата фудбалска ѕвезда

Тригодишната ќерка на 40 годишниот поранешен фудбалер, Јосип Шимуниќ и неговата сопруга Кристин Марие починала на загрепската Клиника за инфективни болести. Девојчето неодамна завршило на лекување.
ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Почина тригодишната ќерка на познатата фудбалска ѕвезда

Девојчето Лусијана починала на Клиниката за инфективни болести во Загреб после кратко и тешко боледување. Погребот беше денеска на загрепските гробишта.

Тригодишната ќерка на 40 годишниот поранешен фудбалер, Јосип Шимуниќ и неговата сопруга Кристин Марие починала на загрепската Клиника за инфективни болести. Девојчето неодамна завршило на лекување.

-Во оваа прилика сакаме да упатиме искрено сочувство до семејството на Јосип Шимуниќ поради ненадоместливиот губиток по повод смртта на неговата ќерка Лусијана, која после кратка и тешка болест за жал на први април почина, изразија сочувство на пензионираниот фудбалер и неговото семејство колегите од здружението „Фудбалски синдикат“.

Јосип и Кристин Марие се венчаа во 2013 година во Загреб. Неколку месеци подоцна ја добија ќерката Лусијана, а на крајот на 2016 им се роди и син.

Шимуниќ од 2001 до 2013 настапуваше за хрватската репрезентација, а откако го одигра последниот натпревар за Динамо, беше помошник на тогашниот селектор на Хрватска, Анте Чачиќ. Откако замина од таа функција, се повлече од јавноста и се посвети на семејниот живот.

Коронавирус