четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Голема трагедија го згасна нејзиниот живот прерано: Тажната судбина на славната пејачка скрши многу срца ширум светот (ФОТО)

Голема трагедија го згасна нејзиниот живот прерано: Тажната судбина на славната пејачка скрши многу срца ширум светот (ФОТО)

Девојката со преубав глас и необично име- Алија, напоредно ја градеше кариерата на пејачка и актерка, беше ѕвезда чија кариера од самиот стар вртоглаво одеше во нагорна линија и се „закануваше“ да стане најголемото женско РнБ име.

За жал до такво нешто не дојде, затоа што младата пејачка, заедно со уште осим луѓе, загина кога со приватен авион кој се срушил брзо после полетувањето откако се враќала од Бахамите. Таа имаше само 22 години.

Пред три дена се навршени точно 17 години од нејзината смрт, а експертите тврдат дека да би била жива, сега би била поголема ѕвезда и од славната бијонсе.

На сцената прв пат се појави со само 14 години во 1994 година, а од албумот „Age Ain’t Nothing But A Number“, од каде посебно се издвои песната „Back and Forth“. Беше различна од сите свои колешки, затоа што нејзината музика беше повеќе компјутерски генерирана, отколку на останатите РнБ изведувачи. Освен тоа, имала и одличен продорен глас, кој влегувал во ушите и под кожата.

Нејзе ја открил Р. Кели, за кого наводно била и венчана и тоа како малолетна. Таа снимила и неколку и филмови, меѓу кои најзапазен бил „Роме мора да умре“ модерна верзија на Ромео и Јулија зачинета со боречки вештини. Работела на „Queen of the Damned“, а во план била и нејзината улога во блокбастерот „The Matrix“.

Алија на Бахамите го снимала спотот за песната „Rock the Boat“ и требало да полета назад тек на 26-ти август, но снимањето било завршено ден порано, па екипата решила да тргнат веднаш и тоа со авион кој бил помал од оној со кој пристигнале таму. Пилотот предупредувал дека авионот марка Цесна 402Б е претоварена и дека не е безбедно да летаат, но му било наредено сепак да тргнат. На само 60 метри од пистата тој се срушил.

Сите девет луѓе кои биле во авионот ги загубиле животите. Покрај Алија страдал и пилотот Луис Моралес 3-ти, нејзиниот фризер Ерик Форман, Ентони Дод, телохранителот Скот Галин, пријателот Кит Валас, шминкерот Кристофер Малдонадо и вработените во „Background Records“, продукциска куќа за која еден месец пред смртта Алија го издаде својот трет албум, Даглас Крац и Џина Смит. Телохранителот на Алија го преживеал иницијалниот удар, а последните моменти од животот ги минал грижејќи се за тоа како е младата пејачка. За жал, за неа тогаш веќе немало спас, а набрзо починал и тој.

Спотот за песната „Rock the Boat“ е објавен по нејзината смрт. Иако нејзината кариера не била долга, таа оставила трага на музичката сцена, а нејзината смрт скршила милиони срца на нејзините фанови ширум светот.

Коронавирус