сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 47
home Познати

Голема тајна во семејството на Карлеуша: Таткото на пејачката е полицаец во пензија, но од неговата биографија ова со години се крие!

Голема тајна во семејството на Карлеуша:  Таткото на пејачката е полицаец во пензија, но од неговата биографија ова со години се крие!

Пејачката Јелена Карлеуша во јавноста често зборува за покојната мајка Дивна, алудирајќи на тоа колку и била поддршка низ животот, но ретко го споменува својот татко Драган Карлеуша.

Пејачката сепак покрај тоа што беше поблиска со мајка си, сепак е во добри односи и со татко и, а во една прилика открила и малку познат факт за него.

-Не знам дали знаете, но мојот татко свирел тапани во групата „Про Арт“ и тоа во песната „Лола“, а тоа било многу пред неговата полициска кариера, раскажала Карлеуша велејќи дека од него го наследила музичкиот талент.

За потсетување инаку мајката на Јелена важеше за една од најпосакуваните радио водителки во Југославија, а на 19 години се омажи за Драган Карлеуша кој во тоа време бил тапанар. Парот се развел додека пејачката била многу мала, но уште неколку години живееле заедно поради неа.

По разводот Драган се оженил, а Јелена има и два полубрата кои ретко се појавуваат во јавноста, но таа е во добри односи со нив.

Коронавирус