сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Голема радост во домот на македонскиот пејач – далеку од Македонија имаше убав повод за славење

Голема радост во домот на македонскиот пејач – далеку од Македонија имаше убав повод за славење

Македонскиот пејач Дарко Илиевски и неговата сопруга Ивана имаат убав повод за славење и радување.

Имено, пред една година односно на 8 октомври 2019, тие за првпат се реализираа во улогата на родители и нивното мало семејство го доби новиот член, синчето Матео.

„8ми октомври 2019 е најсреќен ден во мојот живот. Мојата кралица ми роди син како најголем поклон за 3 години од нашиот брак.Фала ти сонце мое. Драсги пријатели се роди Матео“, напиша тогаш пејачот на социјалните мрежи.

Матео, наполни една година, а среќниот татко со радосните вести се пофали на социјалните мрежи.

Имено, во кусите приказни на Инстаграм тој сподели дека неколку честитки кои пристигнаа по повод роденденот на синот.

Среќен роденден на синчето, да е живо и здраво, да ве прави среќни и горди родители.

Потсетуваме, Дарко со сопругата Ивана со која се венчаа во октомври 2016 година се пресели на Флорида, САД.

Коронавирус