понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Голема радост по трагедијата во домот на славниот скијач: „Моето девојче од небото ми ги прати овие подароци“ (ЕМОТИВНО ФОТО)

Голема радост по трагедијата во домот на славниот скијач: „Моето девојче од небото ми ги прати овие подароци“ (ЕМОТИВНО ФОТО)

Познатиот скијач Боде Милер и неговата сопруга Морган денеска објавија дека станале родители на синови близнаци.

Морган објави фотографии од нејзините синови и напиша трогателен пост.

„Осмиот ноември. Ден што не можеше да биде посовршен за донесување на овие двајца на свет. Приказната за нивното раѓање е неверојатна и не можам да дочекам да ја споделам. Јас сум неверојатно благодарна за сите овие подароци што ми ги праќа моето девојче“, напиша таа со фотографијата која што за  помалку од еден час доби скоро 14 илјади лајкови.

Девојчето што Морган го спомнува е нивната трагично почината ќерка, Емелин Гриер, која се удави во базенот во нивниот дом во Калифорнија минатата година на само 19 месечна возраст.

Коронавирус