недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Голем скандал на свадбата на познатиот руски спортист- среде прославата на гостите им пристигнале фотографии од г*лата невеста (ФОТО)

Доколку во светот има избор за најпеколна свадба, оваа би влегла во финалето...
Голем скандал на свадбата на познатиот руски спортист- среде прославата на гостите им пристигнале фотографии од г*лата невеста (ФОТО)

На венчањето на светски познатиот првак Заурбек Сидаков (24) се случила вистинска шпанска сапуница.

Рускиот првак во борење го прекинал прославувањето, а гостите си заминале поради инцидентот кој се случил на самата прослава.

Имено рускиот борач се венчал со Медина Плијев, а среде церемонијата сите гости почнале да добиваат пораки на телефонот, не ни претпоставувајќи што може да содржат тие.

На сите им пристигнале голи фотографии од неговата сопруга која претходно медиумите обвинија дека е ескорт дама, пишува „The Sun“.

Во моментот додека пристигнувале фотографиите тој заедно со младата и пријателите го играл традиционалниот танц, а потоа настанал вистински хаос.

Ја влечел за коса младата и ја избркал од прославата, по што истата прекинала, а дури 500 гости биле принудени да си заминат од истата.

Инаку неговата поранешна сопруга која е вмешана во голем скандал е од познато богато семејство, а пред три години била заљубена во оженет маж и нејзините пријатели го знаеле тоа. Со него немала ништо со години, но фотографиите и видеата останале вечен доказ, тврдат нејзините пријатели.

Семејството на невестата сега ја однесе и во болница Медина за да видат дали има евентуални повреди од тепањето.

Коронавирус