сабота, 8. август 2020. Вести денес: 0
home Познати

Годините си го направиле своето: Беше една од најубавите жени во светот, а погледнете како Шерон Стоун изгледа денес (ФОТО)

Годините си го направиле своето: Беше една од најубавите жени во светот, а погледнете како Шерон Стоун изгледа денес (ФОТО)

Една од најубавите жени во светот, познатата холивудска актерка Шерон Стоун (60), гордо го покажа своето природно лице без шминка, но и своето момче.

Пред неколку дена Шерон беше снимена како пазарува во Рим со десет години помладиот дечко Енцо Карузо (50), кој е новинар и е номиниран за Нобеловата награда за мир.

Двајцата беа во шопинг и гордо шетаа низ градот игнорирајќи ги љубопитните погледи. Тие се држеа за раце додека шетаа на улиците во Рим, па дури разменуваа и бакнежи.

Познатата актерка носеше црни панталони со црна ролка, жолт капут со должина под колената. Сето тоа дополнето со очила за вид и црвена чанта, а од накит имаше само часовник. Како и секогаш, едноставно и совршено избрано, со стил.

Иако немаше шминка и не може да се каже дека изгледа исто како пред дваесет години, Шерон сè уште е харизматична и зрачи со шарм и автентична убавина. Своите брчки со гордост ги носи на негуваното лице.

Коронавирус