недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Познати

Годините го пристигнале и еден од најшармантните актери во Холивуд (ФОТО)

Годините го пристигнале и еден од најшармантните актери во Холивуд (ФОТО)

Популарниот американски актер, Харисон Форд (78) фотографиран е во Калифорнија во опуштено спортско издание, и во ваквата прилика за првпат во осмата деценија од животот му се забележуваат знаци на стареење.

Имено, актерот бил фотографиран додека одел на кафе, а за прв пат на актерот му се забележуваат трагите на стареење.

Познато е дека актерот се занимава со рано разни спортови, а најчесто игра тенис, кој што не го запоставил ниту за време на пандемијата со коронавирусот. Во една прилика истакнал дека не се плаши од смртта, а бил многу тажен кога неодамна почина неговиот драг колега.

Како за потсетување, Форд неодамна му одаде почит на неговиот починат колега Шон Конери, кого го нарече „драг пријател“ и додал дека се надева ако „Конери е во рајот, сега игра голф “.

-Ми беше татко, не во реалниот живот, но во третиот дел од филмот „Индијана Џонс“. Господе колку ни било забавно. Ако сега Шон е во рајот, се надевам дека таму имаат голф терени. Почивај во мир, драг пријателе, рекол Форд неодамна во изјава за медиумите.

Коронавирус