среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 113
home Познати

Го срами името на балканскиот пејач кој почина неодамна: Лежеше 12 години затвор, а пред два дена направил уште еден грозоморен чин (ФОТО)

Го срами името на балканскиот пејач кој почина неодамна: Лежеше 12 години затвор, а пред два дена направил уште еден грозоморен чин (ФОТО)

Синот на легендарниот српски пејач Синан Сакиќ, Рашид е повторно уапсен во средата доцна навечер откако претходно претепал и ограбил еден кројач.

Рашид Сакиќ и неговиот другар во средата вечерта се упатиле кон кројачкиот салон каде го претепале сопственикот и го ограбиле, а по настанот мирно заминале во кафуле на пијачка.

Двајцата биле уапсени во истото кафуле откако претходно кројачот ги пријавил во полиција.

Инаку најстариот син на Синан е приведуван и како малолетник и тоа поради насилно однесување, нанесување на тешки повреди, напади, обид за убиство како и изнуди, а ваквата „кариера“ ја продолжил и откако станал полнолетен.

Тој последен пат беше пуштен од затвор минатиот април откако одлежа 12 годишна казна затвор, а два месеци по неговото излегување почина и легендарниот пејач.

Локални избори 2021