недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Познати

Го препознавате ли ова Македонче: Она што го работи денес го почитува цела нација (ФОТО)

Го препознавате ли ова Македонче: Она што го работи денес го почитува цела нација (ФОТО)

Кога сме мали сакаме што побрзо да пораснеме, а пак кога тоа ќе се случи, сакаме да се вратиме назад во детството и не ретко носталгично ги евоцираме спомените од детството.

Веруваме дека тоа му се случува речиси на секого, а ваквите носталгични мисли ги има и нашиот познат пејач.

Веруваме дека веднаш не се сетивте за кого станува збор, но ова слатко лице го има дупло и кај неговиот брат близнак. Можеби веќе погодувате, а станува збор за пејачот на братското дуо Некст Тајм, Стефан Филиповски.

Тој своите следбеници на Инстаграм ги изненади со една куса ретро снимка од која откри како изгледал на мали нозе тој,  и секако неговиот брат Мартин.

Денес нивната работа ја почитува целата нација, особено откако направија вистинска револуција со досега на наши простори невидени филмски спотови и преработки на познатите „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓорѓо“.

Инаку, периодов Некст Тајм се активни во студио каде подготвуваат нешто ново кое сме сигурни дека повторно ќе ги освои сите!