петок, 23. јули 2021. Вести денес: 72
home Познати

Го понижија принцот Хари, му покажаа каде му е местото

Го понижија принцот Хари, му покажаа каде му е местото

На принцот Хари му беше одземена титулата Негово кралско височество ( НКВ ) на изложбатана со која се славеше животот на неговата мајка принцезата Дијана.

Ова се случи откако Хари се согласи и рече дека никогаш повеќе нема да ја користи кралската титула.

Според договорот што Хари и Меган го склучија со Палатата, им беше дозволено да ја користат титулата војвода и војвотка од Сасекс.

Титулата на Хари – Неговото кралско височество, беше отстранета од постерите на еден настан во палатата Кенсингтон.

Објаснувањето покрај венчаницата на принцезата Дијана на изложбата сега гласи: Позајмица на неговото кралско височество од војводата од Кембриџ ( принцот Вилијам ) и војводата од Сасекс ( принцот Хари ).

Пред една недела, на истата изложба, во објаснувањата покрај фустаните, како и на сите постери, некој „по грешка“ покрај името на Хари ја стави и титулата НКВ, што веднаш беше отстрането по добиените критики.

Титулата беше отстранет од сите објаснувања за позајмените предмети на изложбата.

Фондот во чија организија е направена изложбата веднаш беше се огради и рече дека станува збор за административна грешка и дека веднаш ќе се исправи со цел да го одразува новиот статус на принцот.

Според договорот со кој Хари (36) и неговата сопруга Меган Маркл ја напуштија Велика Британија во 2020 година, тие нема да ги користат титулите, откако решија да заминат во САД. На крајот, тие се согласија дека можат да ја користат титулата војвода и војвотка од Сасекс, со што Меган и Хари се задоволија.

Коронавирус