сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 45
Во живо

Прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Познати

Го обвинија дека ја претепал Витни Хјустон, а сега им помага на жртвите на семејно насилство

Го обвинија дека ја претепал Витни Хјустон, а сега им помага на жртвите на семејно насилство

Боби Браун има намера да изгради прифатилиште за жртвите на семејно насилство во чест на својата покојна ќерка, за која се верува дека починала откако нејзиното момче  Ник Гордон ја претепал.

Установата ќе се гради во Соут Фултон, Џорџија, САД.

Инаку, Браун и самиот своевремено го следеа контроверзии дека ја тепал поранешната сопруга, сега веќе починатата Витни Хјустон, со која се разведе во 2007 година.

Ќерката на Браун, Боби Кристина беше пронајдена без свест во својот дом во 2015 година, а почина по шест месеци минати во кома. Гордон беше обвинет за напад врз неа, но и за други кривични дела. Судот во 2016 година одлучи тој да исплати 36 милиони долари отштета.

Според плановите, „безбедната куќа“, како што Браун го нарекува прифатилиштето, треба да има телефонска линија за интервенции, којашто ќе работи 24 часа и ќе биде „итно транзиционо засолниште”. (МИА)