вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 48
home Познати

Го издадоа кралското семејство: Администраторите на кралската страница по грешка го објавија името на новиот принц (ФОТО)

Го издадоа кралското семејство: Администраторите на кралската страница по грешка го објавија името на новиот принц (ФОТО)

Британската јавност нетрпеливо го чека објавувањето на името на новиот член на кралското семејство. Кејт Мидлтон во понеделникот во болницата „Света Мери“ во Лондон родила здраво момче, а само седум часови подоцна излегла пред новинарите и на светот му го покажала новороденчето.

Иако имињата на првите две деца на Кејт и Вилијам ги објавиле после два дена името на третото се чекаат три дена.

На кладилниците најдобро стојат имињата Александер, Артур или Алберт, а се чини дека на администраторите на службената веб страница на кралското семејство им се случила грешка и многумина се убедени дека малечкиот принц се вика Алберт.

Имено кога ќе побарате службена страница „Принц Алберт“ се појавува информација дека на таа страница пристапот е забранет. Оние кои се обиделе да ги бараат поимите „”Prince Alexander” или „Princ Arthur” ги добиле информациите дека страницата не е пронајдена.

Вилијам во своето прво јавно појавување после раѓањето на принцот рекол дека се уште не одлучиле кое име ќе му го дадат, но дека наскоро ќе одлучат и ќе го објават. Британските новинари очекувале името на принцот да биде објавено вчера но тоа се уште не се случило.

Кладилниците во Британија го стопирале обложувањето на името на новородениот принц.

Гласноговорникот на кладилницата „Корал“ на медиумите им соопштил дека очекува кралското семејство во петок да го објави името на бебето и дека навистина најголеми се шансите дека ќе се вика Алберт.

Најнови вести