недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Гласните жици крварат: Докторите загрижени за Шакира, откажани сите концерти

Гласните жици крварат: Докторите загрижени за Шакира, откажани сите концерти

„Се надевав дека гласните жици ќе ми се опорават, но на повредата и треба подолго време за да зарасне“-истакнува мега-популарната Шакира.

Колумбиската пејачка Шакира преку порака на своите профили на „Инстаграм“ и „Фејсбук“ им се извини на своите фанови што ќе мора да ја одложи турнејата „Ел Дорадо“ до јуни 2018. година поради проблеми со гласот.

Според лекарите, нејзините гласни жици и понатаму крварат, а состојбата е посериозна отколку што мислеле на почетокот.

-Ви се заблагодарувам на сите за поддршката во овие тешки денови. Вашите пораки ми помогнаа да издржам и се надевам дека ќе се видиме наскоро, напиша таа меѓу другото во пораката.

Таа има засилено крварење на гласните жици па поради тоа европскиот дел од турнејата е одложен за лето, а американскиот на есен.

Коронавирус