четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 57
home Познати

Гласините дека се во емотивна врска се сè погласни: Анџелина Џоли повторно видена со славниот пејач (ФОТО)

Гласините дека се во емотивна врска се сè погласни: Анџелина Џоли повторно видена со славниот пејач (ФОТО)

Гласините дека холивудската актерка Анџелина Џоли и канадскиот пејач Д’Викенд се заедно, стануваат се погласни. Американските медиуми ги фотографирале повторно.

Актерката и пејачот уживале неколку часа во италијански ресторан во Санта Моника, а дошле придружувани од телохранители и обезбедување. Подоцна отишле во неговата луксузна вила на Бел Ер.

Папараците ги фотографирале додека излегуваа од ресторанот.

Двајцата биле облечени во црна гардероба, Анџелина носела фустан, додека пејачката била во панталони и црна јакна.

Гласините дека биле заедно за прв пат се појавија во јули оваа година, кога Анџелина била видена како излегува со пејачот. Потоа отишле дома одделно.

Најнови вести

Локални избори 2021