сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 14
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Ѓорѓе Давид: Во Македонија и во јужна Србија се фотографирав со над 500 луѓе (ВИДЕО)

Ѓорѓе Давид: Во Македонија и во јужна Србија се фотографирав со над 500 луѓе (ВИДЕО)

Српскиот пеач Ѓорѓе Давид, кој е заболен од Ковид-19, од болницата каде што е згрижен, во видео интервју што го објави „Блиц“, зборува за тоа каде можел да се зарази и со кого се бил во меѓувреме.

„Свесен за фактот дека од јануари кашлам периодично и многу сериозно, направив преку 2.000 километри токму во периодот од 11 до 14 низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа. А, потоа го вратив филмот и сфатив дека тие денови бев во контакт со најмалку 500 луѓе. Како некој кој е свесен за природата на својата работа, кој и да ми пријдеше во Македонија се фотографирав, кој и да ми пријдеше во Ниш се фотографирав, исто така во Врање…, не размислувајќи дека тоа може да се случи“, вели Давид во интервјуто.

Целото видео можете да го видите тука.

Најнови вести

Коронавирус