понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Познати

Ѓоко Танески на денот на АРМ занеме како риба: Ја имаше силата, ама немаше глас! (ВИДЕО)

Ѓоко Танески на денот на АРМ занеме како риба: Ја имаше силата, ама немаше глас! (ВИДЕО)

Некои непредвидени работи им се случуваат и на најдобрите вокали. А за таков барем важи охриѓанецот Ѓоко Танески, кој имаше свој настап во програмата по повод годинешното одбележување на Денот на АРМ.

Ѓоко како учесник во културно-забавната и музичка програма почна да ја пее неговата евровизиска песна „Јас ја имам силата“ од 2010 во Норвешка, ама овој пат на плејбек. Иако важи за врвен вокал, Ѓоко на настапот за армијата дојде баеги засипнат, па наместо во живо со бенд или на матрица, пееше врз плејбекот.

А техника како техника, на жештината знае да прегрее, па да затаи… како и што се случи. Плејбекот застана, ама не и Ѓоко со пеењето, ама само додека можеше да пее… Зашто песната не е едноставна и лесна за изведба, па кога дојдоа на ред да се пејат восоките регистри и тонови, пејачот „зариба“ или поточно го изгуби гласот, па Ѓоко „Фиш“ Танески занеме како риба!

Но, како и риба на суво, продолжи да се бори со засипнатиот глас и да пее и без музика на суво, па дури и го рапуваше делот што го изведува раперот Били – „Ѕвер“… До душа повеќе шепотејќи, ама сепак… Ѓоко не се откажа!

За среќа, плејбекот бргу се врати, а Танески продолжи да ја пее песната преку матрицата, машки до крај!

Извор: Вистина.мк