петок, 30. јули 2021. Вести денес: 159
home Познати

ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Роди четири деца, а во петтата деценија од животот жари и пали со нејзиниот изглед (ФОТО)

ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Роди четири деца, а во петтата деценија од животот жари и пали со нејзиниот изглед (ФОТО)

Хајди Клум (48) и нејзиниот сопруг Том Каулиц (31) уживаат на тропски одмор од минатата недела, а како и секогаш Хајди ги изненадува своите фанови со разголените фотографии.

48-годишната Клум никогаш не го криела своето тело, а дека е горда на својот изглед покажува со секоја нова објава.

На последните фотографии на Инстаграм, таа позира топлес и на себе има само црна танга, што на нејзиниот сопруг очигледно не му сметало.

Хајди и Том се венчаа во 2019 година, 2 месеци по веридбата и по 2 години врска. Иако ретко кој им предвидуваше среќа во љубовта, славниот пар секој ден докажува дека се сака повеќе од некогаш.

Инаку, Клум зад себе има 2 пропаднати брака и низа неуспешни врски. Таа со стилистот Рик Пипинo беше во брак од 1997 до 2002 година, а потоа во 2003 година започна врска со Флавио Бријаторе. Парот истата година објави дека чека дете, но набрзо раскинаа, а Хајди ја родила Лена кога го запознала пејачот Сил со кој има уште 3 деца. Хајди и Сил се разведоа во 2014 година, по 10 години брак.

Коронавирус