среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 130
home Познати

Ги спакува куферите и сакаше да замине далеку од Македонија: Лила со часови седеше сама на аеродромот во Скопје (ФОТО)

Ги спакува куферите и сакаше да замине далеку од Македонија: Лила со часови седеше сама на аеродромот во Скопје (ФОТО)

Поради пандемијата од коронавирус желбата на многумина за патувања надвор од границите остана неостварена.

Во изминатата 2020 година се патуваше надвор од земјата многу малку, само онаму каде е дозволено, а слична ситуација продолжува и во 2021 година со надеж дека нештата ќе тргнат на подобро.

ТВ водителката Лила Филиповска е зависник од патувања, па ова сигурно тешко и паѓа, особено тоа што конечно се спакува и замина на скопскиот аеродром за да полета, ама едно големо ништо.

Имено, Лила на својот Инстаграм откри дека заедно со пријателки решила некаде да патува, не ја откри дестинацијата, ама проблемот не беше во позитивен ПЦР тест или нешто слично, туку во маглата.

Нерасположена Лила си остана да чека неколку часа, летот случајно да не се реализира, но попусто.

Намерата и желбата останаа, е сега колку ќе дозволат временските услови во наредниот обид деновиве, останува да видиме…?

ЕУРО 2020

Македонија