вторник, 3. август 2021. Вести денес: 84
home Познати

ГИ РАЗНЕЖИ СИТЕ – Раде Шербеџија за 30-годишнината од бракот со Ленка: „Сè уште цврсто се држиме за раце“

ГИ РАЗНЕЖИ СИТЕ – Раде Шербеџија за 30-годишнината од бракот со Ленка: „Сè уште цврсто се држиме за раце“

Актерот Раде Шербеџија на својот Фејсбук профил објави многу емотивна порака, која ги насолзи очите на многу фанови.

Имено, Раде во пораката откри дека тој и неговата сопруга Ленка ја слават јубилејната 30-годишнина од бракот.

Раде ја започна својата порака со овие зборови:

– 30-годишнина од венчавката моја и на Ленка … Се венчавме во Белград на 29 јуни 1991 година … – започна Раде.

– Менувавме градови и земји. Имаме три деца. Направивме сопствен театар на најубавиот остров на Јадранското Море. Имаме прекрасно семејство. Имаме и доволно вистински пријатели. И ние се уште се држиме цврсто за рака … – напиша Шербеџија и ги воодушеви фановите.

Да потсетиме, актерот и неговата сопруга Ленка (53) склучија договор за брак по три децении брак, со кој се регулираше нивниот имот.

Коронавирус