понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 63
home Познати

Ги прекрши сите правила на црвениот килим: Младата актерка по позирањето го направи ова (ГАЛЕРИЈА)

Ги прекрши сите правила на црвениот килим: Младата актерка по позирањето го направи ова (ГАЛЕРИЈА)

На црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал постои правило за носење на чевли на висока потпетици, па затоа секоја дама мора да изгледа соодветно.

Но, оваа година Кристен Стјуарт, по втор пат, направи нешто против правилата.

Славната актерка е позната по тоа дека не сака да носи високи потпетици, но сепак на црвениот тепих во Кан позираше во црни Лобутин чевли.

Откако фотографирањето беше завршено, таа се наведна и пред сите фотографи и останати присутни на црвениот тепих, ги соблече своите чевли и продолжи да чекори боса.

Во 2016 година исто така имаше слична ситуација, кога Кристен ја покажа својата бунтовност. Таа на црвениот тепих дојде во патики, кои потоа ги замени со чевли на високи потпетици.