четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 30
home Познати

Ги изгуби следбениците поради големите гради – со промената на стилот сите ги исплаши

Ги изгуби следбениците поради големите гради – со промената на стилот сите ги исплаши

Не сите обожаватели на Били Ајлиш ја поддржаа нејзината промена на стилот.

Имено, 19-годишната пејачка откри како изгубила илјадници следбеници кога објавила фотографии во корсет на своите социјални мрежи во мај оваа година.

„Многу е дехуманизирачко“, рече таа за нејзините обожаватели кои се уште очекуваат од неа да носи широка облека по која некогаш беше препознатлива. Значи, градите се веројатно најмалиот проблем во оваа тотална трансформација.

„Изгубив 100.000 следбеници, само поради моите гради“, рече таа за магазинот „Ел“.

Таа вели дека луѓето се плашат од големи гради.

Пејачката облечена во корсет позираше за британски Вог во мај. Таа неодамна се појави на Мет Гала во гламурозен фустан, за кој рече дека ја разбудила нејзината љубов кон фустаните уште од детството.

Локални избори 2021