среда, 14. април 2021. Вести денес: 41
home Познати

Георгина: Две работи му забранувам на Роналдо…

Георгина: Две работи му забранувам на Роналдо…

Шпанско-аргентинската манекенка Георгина Родригез откри неколку детали од нејзиниот најинтимен живот со Кристијано Роналдо. Таа беше домаќинка на новинарка во домот во Торино, каде престојува со Кристијано и неговите четири деца, па тие разговараа на неколку теми.

Во интервју за италијанскиот весник „Спортвик“, сопругата на Роналдо откри што е тоа што таа не му дозволува на Кристијано да работи дома.

“Кристијано е одличен татко и најдобриот сопруг за кој можев само да сонувам. Но, тој не готви. По сè што прави, тој заслужува да има убав оброк на масата, направен со многу љубов. Имаме готвач, но јас понекогаш знам да влезам во кујна и да направам јадење“, рече Георгина.

Друго нешто што таа му „забранува“ на Кристијано е менување на сијалиците дома!

“Да бевте Кристијано Роналдо, дали би смениле сијалица што е скоро 20 метри над земјата, ние имаме високи тавани? Претпочитам да не го прави тоа. Подобро да се грижи за себе и да се посвети на она што најдобро го прави, а јас ќе се грижам за останатото. Сè оди добро и сакам да се грижам за својата куќа и за семејството“, изјави г-ѓа Роналдо.

Најнови вести

Коронавирус