недела, 9. мај 2021. Вести денес: 105
home Познати

Гаги Џогани искрено за пороците! Едвај чека да стане дедо, а еве што изјави за зетот Марко

Гаги Џогани искрено за пороците! Едвај чека да стане дедо, а еве што изјави за зетот Марко

Танчерот Гаги Џогани отворено зборуваше за проблемот со пороците, но и за тоа како ги реши, а бидејќи неговата ќерка Луна Џогани е бремена, танчерот не крие дека е пресреќен и открива каква е Луна како бремена жена.

– Мојот живот започна да се подобрува, во моментот кога се ослободив од порокот што го имав, од 2016 година мојот живот започна да се подобрува – рече Гаги.

– Штом излегов од тоа, сè започна како што треба, а потоа се случи тоа реалити, според мое мислење, сега кога реалити шоуто заврши и помина некое време, можам да кажам дека генерално добро се снајдов финансиски, но и генерално. Мислам дека сега луѓето видоа кој е Гаги Џогани – рече Џогани, кој не ја крие среќата што наскоро ќе стане дедо.

-Како што тој ден се приближува, толку повеќе ми изгледа нереално. Едвај чекам да дојде тој ден, имам одлично чувство, не знам како да го опишам тоа воопшто – истакна Гаги, а потоа откри дали Луна е бремена жена која бара многу.

– Па, не е, воопшто не бара. Како и секоја бремена жена, таа сака да биде во центарот на вниманието, да се види дека е бремена. Сосема ми е слатка кога ја гледам така, нон стоп го држи стомакот. Кога одиме на прошетка некаде, од неа гледам дека многу ми се доближува, некако како сега да ме сака повеќе – додаде тој и откри каков е зетот Марко Миjковиќ.

– Јас уште во реаилити шоуто бев за таа врска и тие да бидат заедно. Бевме во реалити, и кога сте со некого пет месеци, тогаш навистина можете да видите за каква личност станува збор. Само пофални зборови имама за него, тој е одличен – изјави Гаги за ИДЈТВ.

Коронавирус