понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Познати

Гадот не заслужува ниту куршум: Славната актерка откри детали за сексуалното злоставување

„Ме турна, сакаше да се фрли врз мене и да ме соблече. Направи многу неугодни работи“, вели Турман, која Вајнштајн се обидел да ја силува, но му побегнала.
Гадот не заслужува ниту куршум: Славната актерка откри детали за сексуалното злоставување

Откако лани призна дека била жртва на холивудскиот продуцент Хаври Вајнштајн, актерката Ума Турман раскажа како изгледал нападот.

Турман во интервју за New York Times рече дека Вајнштајн ја злоставувал во хотелска соба во Париз кон крајот на 90-тите, по излегувањето на филмот “Pulp Fiction” 1994 година.

„Ме турна, сакаше да се фрли врз мене и да ме соблече. Направи многу неугодни работи“, вели Турман, која Вајнштајн се обидел да ја силува, но му побегнала.

Неговиот портарол вели дека Вајнштајн признава дека и се додворувал на Турман, затоа што погрешно ги протолкувал нејзините знаци во Париз. Веднаш и се извинил.

Таа откри дека на како тинејџерка била присилена на секс со актер постар 20 години од неа. Не сакаше да го открие името на актерот.

„Се чувствувам лошо поради тоа што нападна жени и после мене. Мило ми е што се полека му се враќа затоа што не заслужува куршум“, вели Турман.