петок, 4. декември 2020. Вести денес: 166
home Познати

Фронтменот на „Дисциплина кичме“ во вештачка кома по силен мозочен удар

Фронтменот на „Дисциплина кичме“ во вештачка кома по силен мозочен удар

Фронтменот на рок-групата Дисциплина кичме, Душан Којиќ – Која (58), имал мозочен удар и е во болница во вештачка кома.

Која заминал во Англија да ја посети својатаа сестра, кога доживеал мозочен удар. Тој бил итно хоспитализиран, а лекарите го внеле во индуцирана кома за да му дадат на мозокот доволно време да се опорави.

Бас гитаристот, пејач и композитор, Која е активен на музичката сцена веќе четири децении. Тој му се приклучи на Милан Младеновиќ во 1980 година во групата „Лумуново дрво”, а потоа со тапанарот Ивица Вдовиќ се етаблираа како трио и го сменија своето име во „Шарло Акробата”.

Тогаш го издадоа единствениот, но култен албум „Бистар или глупав човек станува кога…”.

Коронавирус