понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 116
home Познати

Фризерот на Цеца и Анастасија се огласи со предупредување, а еве каква е ноговата состојба откако е позитивен на корона

Фризерот на Цеца и Анастасија се огласи со предупредување, а еве каква е ноговата состојба откако е позитивен на корона

Стеван Радивојевиќ на јавноста и е познат како фризерот на Анастасија и Цеца Ражнатовиќ. Тој на својот профил на Инстаграм напиша дека е позитивен за вирусот корона,а потоа Ражнатовиќ се тестираа, а од резултатите Цеца и нејзиниот син Вељко се покажа дека се позитивни.

Фризерот беше на прославата по повод раѓањето на синот на Богдана и Вељко Ражнатовиќ, каде присуствуваа многу познати личности, па ги предупреди сите што биле во негово друштво дека треба да се тестираат.

„Луѓе, јас сум позитивен на Ковид-19. Би ги замолил сите луѓе што беа во моја близина да се тестираат“, напиша тој на Инстаграм.

– Ме пуштија на домашно лекување, јас одморам и имам температура. Сите мои блиски се тестираа и засега сите се негативни. Се надевам дека сè ќе помине брзо – објави фризерот.

Коронавирус