четврток, 6. август 2020. Вести денес: 44
home Познати

Франц од „Нокаут“ по вторпат стана татко

Франц од „Нокаут“ по вторпат стана татко

Поранешниот член на групата Нокаут, Владимир Крстевски – Франц по втор пат стана татко. Тој и неговата сопруга Ема од пред два дена се родители на уште една ќерка, Мона.

-На 31 Јули 2020 се роди нашата втора ќерка Мона Франц Крстевски. Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние, напиша Франц на својот Фејсбук профил.

Инаку, Франц и Ема кои со години живеат и работат во Лос Анџелес, во брак се од октомври 2014 година. Тие ја имаат и едногодишната ќерка Мелоди.

Коронавирус