среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Познати

ФОТО: За шест месеци во врска Дара Бубамара од момчето доби подарок од 150.000 евра

ФОТО: За шест месеци во врска Дара Бубамара од момчето доби подарок од 150.000 евра

Сексапилната српска пејачка Дара Бубамара од неодамна е во врска со 15 години помладиот бизнисмен од Белгија Сашо  Пешиќ.

Дара која е позната како голем вљубеник во брзи и скапи автомобили добила уште една „играчка“ во својот возен парк.

Провокативната пејачка од своето момче на подарок добила ни помалку ни повеќе „мерцедес сл 500 бенц“ кој чини околу 150.000 евра.

-Откако ја започнаа врската една од многуте работи кои ги поврзуваат е и љубовта кон спортски и скапи автомобили. Како им се ближи шестиот месец од врската Саша одлучил на својата сакана девојка да и купи автомобил кој е подобар од нејзиниот сегашен автомобил, изјавил извор за весникот „Ало“.