среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 143
home Познати

ФОТО+ВИДЕО: Првата куќа на Марадона е музеј, се е како во 1978 година

ФОТО+ВИДЕО: Првата куќа на Марадона е музеј, се е како во 1978 година

Еден месец по смртта на фудбалската легенда Диего Марадона, неговата прва куќа која е претворена во музеј, е преплавена од посетители.

Куќата му била отстапена на Марадона и неговото семејство, како дел од договорот, кој тој го потпишал во 1976 со Аргентинос Јуниорс. Тука тој живеел две години, а домот останал во истата состојба како во тоа време.

Парите од влезниците ќе бидат вложени во обнова на куќата, а за јавноста истата е отворена во 2016 година од Алберто Перез поранешниот менаџер на Аргентинос Јуниорс.

Куќата тој ја купил во 2008 година за околу 82.000 фунти од жена која живеела во неа од 1981 година, кога Марадона заминува за Бока.

Перез реплицирал се како што изгледал некогаш неговиот дом, а тука е и стариот грамофон на кој Диего слушал музика во својата соба.

Во музејот се наоѓа и првиот негов договор со Аргентинос, кој бил потпишан од неговиот татко.

 

Коронавирус