недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 58
home Познати

ФОТО+ВИДЕО: Џеј Ло со нова колекција чевли

ФОТО+ВИДЕО: Џеј Ло со нова колекција чевли

Џенифер Лопез ја објави својата најнова колекција чевли, која „е создадена за да ги забавува и да им помага на дамите да зрачат со самоувереност“.

– Ја создадов оваа колекција за секоја жена и за сите пригоди. Едвај чекам сите да танцуваат, да минуваат повеќе време со семејството и пријателите и што е најважно, јас повторно да се забавувам. Исто така, сакав да додадам дополнителен елемент на возбуда, во лицето на видеоиграта „Хит плеј“. Мојата порака е: Луѓе, време е повторно да се забавувате!, истакна таа.


Пејачката неодамна започна нова креативна рекламна кампања, вклучувајќи и интерактивна видеоигра наречена „Хит плеј“ (Hit Play), за промоција на својата линија чевли. Како дизајнерка, се надева дека нејзините купувачи одлично „ќе се вклопат“ во чевлите што ги избрале од нејзината колекција.

Коронавирус