сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 18
home Познати

ФОТО: Убавата пејачка осудена на затвор, причината за казната ги шокираше сите

Судот во Каиро ја осуди пејачката, која е многу популарна во арапскиот свет, за „ширење на лажни информации“ и „нарушување на јавниот ред“.
ФОТО: Убавата пејачка осудена на затвор, причината за казната ги шокираше сите

Египетската поп-пејачка Шерин Абдел Вахан е осудена на затворска казна од шест месеци, бидејќи на концерт во Обединетите Арапски Емирати навела дека реката Нил има лош квалитет на водата.

Судот во Каиро ја осуди пејачката, која е многу популарна во арапскиот свет, за „ширење на лажни информации“ и „нарушување на јавниот ред“.

Осудената има право на жалба, а плати и кауција од околу 230 евра.

Пред неколку месеци на социјалните мрежи се појави снимка од концерт на кој еден обожавател ја замоли да го испее нејзиниот хит „Сте се напиле ли вода од Нил?“.

– Ќе добиеш билхарзија, посигурно ти е да пиеш „Евијан“, му одговори пејачката на обожавателот, осврнувајќи се болестите кои ги предизвикуваат паразитските црви.

Пејачката се извини за изјавата, но од Синдикатот на музичките уметници соопштија дека и се забранети сите настапи во Египет.

Коронавирус