понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 65
home Познати

ФОТО: Убавата Ева на морбиден третман за убавина (16+)

ФОТО: Убавата Ева на морбиден третман за убавина (16+)

Можеби е против одење под нож, но актерката Ева Мендез секако се грижи за својот изглед и за одржување на младоста. Затоа таа сега се подвргнала на морбиден и навидум болен третман за убавина, кој од неодамна залуде многу славни дами.

Актерката со нова фотографија на својот Инстаграм профил покажа како ја одржува младоликоста на своето лице. Имено, таа открила дека веќе некое време ја посетува својата омилена спа-оаза, која и овозможува и бројни третмани за убавина. Еден од нив, крајно болен на прв поглед, овој пат го испробала и Ева.

„Ова е моето омилено место за убавина каде што ги правам сите третмани. Ова е место каде можете да се опуштите далеку од дома, додека козметичарите ве мачат со третмани. Моето среќно место. Пробав третман со мезонит. Бог да ми помогне! Ќе ве известам за резултатите“, напиша актерката под фотографијата.

Станува збор за методот мезонит, неоперативен лифтинг на лицето. Овој метод користи специјално дизајнирани разградливи влакна за подигнување, подмладување и затегнување на кожата. Мезонитите се воведуваат под кожата со помош на игли каде се гради мрежа на влакна, на која организмот создава нов колаген. Мезонитите се наоѓаат на врвот на иглата. По вметнувањето на иглата, конецот останува под кожата и иглата се отстранува. Влакната, пак, целосно се распаѓаат за околу шест месеци.

Да потсетиме, актерката годинава го прослави својот 46-ти роденден. Иако се приближува до петтата деценија од својот живот, таа сепак е една од најпосакуваните славни дами.

Најнови вести

Коронавирус